Friday, February 10, 2017

Дали времето во кое живееме е најдоброто за младите од мојата генерација?

     Колку се подобрени условите и правата на луѓето денес? Дали животот денес е подеднакво добар и исполнет како на неколку генерации пред нас?  Како влијае модерната технологија врз развојот на човештвото и младите генерации? Сигурно сте ја чуле изреката „Живееме во свет на паметни телефони и глупави луѓе“. Колку е вистинита и дали се сложувате со тоа? 

     Живееме во време каде што идејата за социјализирање е ограничена на нашата интеракција онлајн. Новата технологија е импресивна, но и нема многу добро влијание врз мојата генерација. Кога зборуваме за онлајн интеракција, кај повеќето корисници на социјални мрежи, броевите играат важна улога врз нивниот живот, или барем така мислат. Опседнатост со број на лајкови, следбеници и онлајн пријатели.


      Времето поминато со нашите пријатели е поминато во потрага по места каде што има слободен безжичен интернет. Наместо да комуницираме и да се забавуваме меѓусебно, ние друштвено седиме едни до други без разменување идеи и мислења, седејќи “залепени“ за нашите смарт телефони. Постојано примаме информации од интернетот кои може да влијаат на позитивен или негативен начин врз нашиот развој како личност
    Но, покрај овие негативни страни на денешното време, постојат и неколку позитивни. На пример, живееме во време кога човечките права се проширени, има поголема слобода на говор и припадност. Значително е намален расизмот, хомофобијата и сексизмот во споредба од пред 50 години. Иако се уште постојат, на подобар пат сме кон отфрлање од овие стереотипи и предрасуди, благодарение на новите генерации со отворен ум.


      Во споредба со минатото, нашиот живот е поедноставен благодарение на напредокот на технологијата, медицината и индустријата. Но, се поголемиот развој на технологијата не влијае добро врз мојата генерација, ја намалува креативноста и го скратува нашиот поглед кон иднината.

5 comments:

  1. Општо да се каже текстот е целосно опфатен. Ми се свиѓа текстот и плус има и некоја слика закачено на блогот.

    ReplyDelete
  2. Се согласувам со напишаното и сликите се совпаѓаат со темата.

    ReplyDelete
  3. Ми се допаѓа текстот,убаво е напишано и ми се допаднаа сликите што си ги додала.Супер е.

    ReplyDelete
  4. Се соглаувам со напишаното

    ReplyDelete
  5. Се согласувам до некаде со тебе, но времињата се менуваат и многу работи се различни. може порано играле надвор со топка, но сега не е така и ние не можеме да смениме ништо во врска со тоа. Но, до некаде си во право! Инаку супер напишано

    ReplyDelete