Tuesday, October 17, 2017

„Сердарот“- Григор Прличев

„Сердарот“ е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Поемата е напишана на грчки јази поради учество на конкурсот за поема во Атина. Во поемата се раскажува за трагичната смрт на македонскиот херој Кузман, кој ги заштитувал селаните на  селото Река, од бандите на Гегите. Мотивот за оваа содржина, Прличев го зел од народната песна за јунакот Кузман Капидан, инспириран од тешкиот живот на Македонците против теророт предизвикан од Гегите.
Како главен лик во поемата е Кузман Капидан, сердар на селото Река. Тој потекнува од сердарско семејство, пpодолжувајќи да биде сердар по неговиот дедо и татко. Поради неговата смрт на почетокот од поемата, за него дознаваме преку описите на другите ликови. Тој е сакана личност од селаните поради неговите жртвувања за нивна заштита. Кузман е храбар, борбен и чесен, наследувajќи ги особините на неговата мајка Неда. Кај него се гледаат и обичните човечки особини како неговата бескрајна љубов и почит кон мајката, како и љубовта и желбата да основа семејство и остатокот од својот живот Кузман да го мине со својата свршеничка Марија. Надворешниот изглед на јунакот е опишан како силен со горда става, секогаш со својот меч опашен околу половината. Со тој меч победувал покрај својата малобројна чета. Поради големата гордост што ја имал во себе, Кузман е вовлечен во ситуација која завршува со неговата смрт.
Неда е мајката на јунакот која храбро ја поднесува смртта на својот син. Таа е борбена и им се спротивставува на непријателите и е подготвена да ја заврши битката започната од Кузман. Таа е решителна, чувствителна и чесна со витка става и неверојатна убавина за нејзините години. Неда е лик во кој Григор Прличев ја пресликал својата мајка. Како и секоја грижлива мајка, Неда имала силно претчувство за смртта на нејзиниот сакан син, таа сонувала како нејзината куќа се разрушува. Вознемирено очекувајќи го нејзиниот син, таа дознава трогателна вест дека тој починал. Таа покажува неверојатна храброст кога Гегите и нудат заштита, но таа не прифаќа да ја заштитат само неа и бара заштита на целиот македонски народ. Неда ги поттикнува селаните смртта на борците да им биде уште една причина за борење против Гегите.
Гегите се противниците кои ги пљачкосуваат и тероризираат населенито, но Прличев ги слика како поколници на јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го носат Кузмановото безживотно тело во домот на Неда, искажувајќи ја почитта кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување. Стариот мудар Албанец  ја чувствува родителската грижа и болка со која се справува Неда. Тој воодушевен од јунаштвото на Кузман ја утешува мајката. Од голема почит, тој ветува дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат Неда, дека таа секогаш ке биде заштитена.
„Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска. Иако противниците и јунаците многу писателили ги одвојуваат, Григор Прличев сепак ги поврзува со неколку заеднички особини што ги прават и непријателите сакани од страна на читателите.

Monday, October 9, 2017

„Илијада“-Хомер

„Илијада“ е древна грчка епопеја напишана од Хомер. Настаните во ова дело се случуваат во последната година на Тројанската војна, односно 51 ден пред падот на Троја. Во „Илијада“ се раскажани тие последни денови од деветгонишната војна помеѓу Ахајците и Тројанците. За време на оваа битка, Ахајците грабнале две прекрасни девојки Хрисеида и Брисеида, но Хрис (свештеник на богот Аполон) го замолил Агамемнон (водач на ахајците) да му ја врати неговата ќерка Хрисеида. Ахил не се согласил, богот Аполон налутен од оваа постапка испраќа помор во логорот на Ахајците.
По огромни жртви од овој помор, Агамемнон му ја врќа Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил (најголемиот воин на Ахајците). Така избувнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон, бесен од оваа навреда Ахил се враќа во логорот и одбива понатаму да се бори. 
Со откажувањето на Ахил од војната има пресврт во силите со што Ахајците страдаат од огромни загуби од Тројанците. Врз ова влијало знаењето дека најголемиот воин на Ахајците не војува, со што се охрабрени противниците. Исто така, Тетида (мајката на Ахил) со цел да го ценат нејзиниот син го убедила Зевс да им помага на Тројанците.
Поради огромните загуби на Ахајците, Ахил се согласува неговиот најдобар пријател-Патрокло да го испрати во војната носејќи го неговиот оклоп. Така што непријателите мислејќи дека е Ахил се повлекуваат од бојното поле, но Патрокло е убиен од Хектор. Гневен од веста за неговиот мртов пријател, Ахил добива нова цел да го одмазди Патрокло. Ахил се согласува да се помири со Агамемнон и повторно да се врати во битката. Засилен од својот гнев, тој се соочува со Хетор и го одмаздува својот пријател. 
Како последен настан дознаваме дека двете страни се согласуваат на привремено примирје, а Хектор добива свечен херојски погреб. Тројанската војна сè уште не завршува на крајот од „Илијада“. Но, публиката на Хомер е запознаена со крајот на борбата.