Monday, October 9, 2017

„Илијада“-Хомер

„Илијада“ е древна грчка епопеја напишана од Хомер. Настаните во ова дело се случуваат во последната година на Тројанската војна, односно 51 ден пред падот на Троја. Во „Илијада“ се раскажани тие последни денови од деветгонишната војна помеѓу Ахајците и Тројанците. За време на оваа битка, Ахајците грабнале две прекрасни девојки Хрисеида и Брисеида, но Хрис (свештеник на богот Аполон) го замолил Агамемнон (водач на ахајците) да му ја врати неговата ќерка Хрисеида. Ахил не се согласил, богот Аполон налутен од оваа постапка испраќа помор во логорот на Ахајците.
По огромни жртви од овој помор, Агамемнон му ја врќа Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил (најголемиот воин на Ахајците). Така избувнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон, бесен од оваа навреда Ахил се враќа во логорот и одбива понатаму да се бори. 
Со откажувањето на Ахил од војната има пресврт во силите со што Ахајците страдаат од огромни загуби од Тројанците. Врз ова влијало знаењето дека најголемиот воин на Ахајците не војува, со што се охрабрени противниците. Исто така, Тетида (мајката на Ахил) со цел да го ценат нејзиниот син го убедила Зевс да им помага на Тројанците.
Поради огромните загуби на Ахајците, Ахил се согласува неговиот најдобар пријател-Патрокло да го испрати во војната носејќи го неговиот оклоп. Така што непријателите мислејќи дека е Ахил се повлекуваат од бојното поле, но Патрокло е убиен од Хектор. Гневен од веста за неговиот мртов пријател, Ахил добива нова цел да го одмазди Патрокло. Ахил се согласува да се помири со Агамемнон и повторно да се врати во битката. Засилен од својот гнев, тој се соочува со Хетор и го одмаздува својот пријател. 
Како последен настан дознаваме дека двете страни се согласуваат на привремено примирје, а Хектор добива свечен херојски погреб. Тројанската војна сè уште не завршува на крајот од „Илијада“. Но, публиката на Хомер е запознаена со крајот на борбата.

No comments:

Post a Comment