Tuesday, March 27, 2018

„Силјан штркот“- Марко Цепенков


За или Против?


Супер е да се биде мрзелив

            Мрзеливоста е состојба во која едно лице неможе да направи нешто, да си ги  изврши обврските, не затоа што нема способност, туку поради неволност и незаинтересираност.
            Многумина не успеваат во животот поради мрзеливоста. Тие не ја планираат својата иднина и немаат амбиција да постигнат нешто. Исто така, не ги извршуваат своите должности или ќе ги остават потешките обврски на другите.
            Нашето здравје зависи од мрзеливоста. Мрзеливите не се активни, не спортуваат и не се грижат за своето здравје. Некои луѓе се толку мрзеливи што не си подготвуваат храна и поради тоа рестораните за брза храна се повеќе се прошируваат во светот, а како резултат на тоа се уништува и животната средина.
            Мрзеливоста ги прави луѓето досадни. Често одбиваат да излегуваат со своето семејство и пријателите. Така имаат многу драгоцени пропуштени моменти и не посетени места во животот.
            Секогаш може да се спречи мрзата. Ваква трансформација е прикажана низ делото на Марко Цепенков- „Силјан штркот“. Тој во почетокот на приказната е мрзелив, но со долга година исполнета со работа неговата мрза се излечи, тој станува вреден.

Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


Анализа на лик

Михаил Лвович Астров

                Во драмата „Вујко Вања“ од А. П. Чехов е претставена случка од секојдневието на село во Русија, која ги менува животите на ликовите. Тие стануваат разочарани со мислењето дека цел живот залудно го потрошиле на имотот на професорот Серебрјаков, кој размислува да го продаде.
                Астров е еден од ликовите во ова дело кој всушност претставува млад одраз на Серебрјаков, тој е образован човек полн со нови идеи. Тој е релативно убав средногодишен човек кој бил оттргнат од младоста во раниот период од својот живот. Во младоста се навраќа со ликот на Елена, која претставува негова љубовна интерес. Тој е несреќен и уморен од неговата професија како единствениот доктор во селото и постојано е повикуван за работа, а неговата утеха често ја бара во алкохолот.
                Овој лик е напреден за своето време бидејќи покажува интерес во екологијата, со долги говори за способноста на човекот да создаде, а не способноста да уништи. Неговиот карактер и теории се издигнати до совршенство од страна на Соња, која во голема мера му се восхитува.  Авторот Чехов преку Астров вметнува дел од неговите карактеристики и идеологии. Тој ја цени убавината во нештата како природата и убавината на Елена.

Tuesday, March 6, 2018

Репортажа


                
Божиќ во Виена
                Виена е најголемиот и главен град на Австрија со неверојатна архитектура и историја.  Градот изграден на бреговите на реката Дунав, исто така сам по себе претставува една од деветте федерални држави на австриската федерација. Читајќи дека Виена е едно од најубавите места за посета  во времето на Божичните празници, решивме со моето семејство да го посетиме.
                Билетите беа резервирани иако Божиќното време беше популарна сезона за посетување на Виена. За време на ова патување го посетивме плоштадот Stephansplatz и катедралата „Свети Стефан“. Таа беше прекрасна со готска архитектура, изградена во 1600 год. и спаѓа во склопот на Римокатоличката црква.
Шетајќи низ центарот на градот ја видовме и Wiener Staatsoper. Таа е една од најпосетените оперски куќи во светот, произведувајќи 50 до 60 оперски претстави годишно и 10 балетски продукции во повеќе од 350 настапи. Решивме да го посетиме и панаѓурот исполнет со божиќна атосфера. Се продаваа секакви вкусни традиционални јадења. Со ова патување дознав дека најстарата зоолошка се наоѓа токму во Виена и е наречена Tiergarten Schönbrunn. Била отворена во 1752 година со наредба на Франц I



                Ова патување ми остави голем впечаток и би сакала повторно да го посетам овој град исполнет со секакви видови на уметност.