Божиќ во Виена
Виена е
најголемиот и главен град на Австрија со неверојатна архитектура и историја. Градот изграден на бреговите на реката Дунав,
исто така сам по себе претставува една од деветте федерални држави на австриската
федерација. Читајќи дека Виена е едно од најубавите места за посета во времето на Божичните празници, решивме со
моето семејство да го посетиме.
Билетите
беа резервирани иако Божиќното време беше популарна сезона за посетување на
Виена. За време на ова патување го посетивме плоштадот Stephansplatz и катедралата
„Свети Стефан“. Таа беше прекрасна со готска архитектура, изградена во 1600
год. и спаѓа во склопот на Римокатоличката црква.
Ова патување ми остави голем
впечаток и би сакала повторно да го посетам овој град исполнет со секакви
видови на уметност.

No comments:
Post a Comment