Wednesday, May 30, 2018

„За буквите“- Црноризец Храбар


                „За буквите“ е единствено зачувано дело на авторот со псевдоним Црнорзец  Храбар, со значење „храбар калуѓер“. Се претпоставува дека било напишано кон крајот на IX век. Главна цел на делото е да се заштити словенската писменост.
                Авторот се спротивставил во ова кратко дело успеал убедливо да го заштити правото на постоење и употребување на словенското писмо. Црноризец Храбар почнал од најраните фази кога Словените се служеле со рески и цртички и читале и гатале како многубошците. Тој посочува дека создавањето на писмо е долготраен процес во кој учествуваат голем број книжевници, но покрај тоа словенското било создадено за многу краток период само од Константин и неговиот брат Методиј.
                Ова дело придонело за постоењето на словенското писмото кое го употребуваме денес и нашата писменост.

Wednesday, May 9, 2018

„Чорбаџи Теодос“ -Васил Иљоски


Анализа на лик


Стојанка

            Дејството во драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски се одвива во Скопје во текот на турското време. Покрај исмејувањето на надуениот чорбаџиски живот, една од темите на делото е неприфатената љубов на двајца млади.
            Стојанка е љубовната интерес на чорбаџискиот син Томче. Иако нивната љубов е силна, тие наидуваат на препрека од Чорбаџи Теодос. Тој не ја почитува девојката и често ја навредува. Бидејќи овој лик е сместен општество каде има огромна разлика меѓу богатите и сиромашните, реалистично се прикажани меѓусебните предрасуди.
            Стојанка е прекрасна, работлива девојка, чесна и паметна, но Чорбаџи Теодос ја гледа како неуредна и валкана. Црнилата под нејзините нокти не се резултат на лоша хигиена, туку доказ на нејзината вредност. Иако девојката има многу неостварливи желби, упорна е во желбата да биде жена на Томче. Нејзината љубов кон Томче. Нејзината љубов кон момчето е искрена и тоа го гледаат и другите ликови, затоа се спротивставуваат и успеваат да го убедат Чорбаџијата да ја одобри нивната венчавка.
            Стојанка е упорна девојка со свој став и покрај примените навреди. Љубовта меѓу Томче и Стојанка е показател дека парите не ѓи прават луѓето, туку нивните карактеристики и мислења.

„Антигона“- Софокле


Анализа на лик


Антигона

„Антигона“ е последната драма од трилогијата на старогрчкиот писател Софокле. Флавната тема е трагичното жртвување на Антигона со цел да ја одбрани чесноста на брата си семејството.
Антигона е трагичната хероина на драмата. Таа е бунтовна, тврдоглава и непослушна, сосема обратно од нејзината убава и послушна сестра Исмена. Тие се единствените останати од семејството откако нивните браќа се убиле во меѓусебниот бој. Креон почесно го закопува помалиот брат Етеокле, додека постариот брат Полиник, сметајќи дека е предавник, го остава на птиците. Оваа одлука ја вознемирува Антигона и решава да го закопа својот брат да ја задржи неговата чесност, иако знае дека последицата на овој настан е смртна казна. Тоа реалистично ги претставува жртвувањата некои луѓе што ги прават за своето семејство.
Антигона е во конфликт со своите лични обврски и должности кон власта. Ако е лојален граѓанин, таа е принудена да го предаде своето семејство и чувството за религија не давајќи му на својот брат вистински погреб. Но, таа сепак се издига против државата. Храброста не е нешто што можеме да го купиме ниту е нешто што сите го имаат.