Анализа на лик
Стојанка
Дејството во
драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски се одвива во Скопје во текот на
турското време. Покрај исмејувањето на надуениот чорбаџиски живот, една од
темите на делото е неприфатената љубов на двајца млади.
Стојанка е
љубовната интерес на чорбаџискиот син Томче. Иако нивната љубов е силна, тие
наидуваат на препрека од Чорбаџи Теодос. Тој не ја почитува девојката и често
ја навредува. Бидејќи овој лик е сместен општество каде има огромна разлика меѓу
богатите и сиромашните, реалистично се прикажани меѓусебните предрасуди.
Стојанка е прекрасна,
работлива девојка, чесна и паметна, но Чорбаџи Теодос ја гледа како неуредна и
валкана. Црнилата под нејзините нокти не се резултат на лоша хигиена, туку
доказ на нејзината вредност. Иако девојката има многу неостварливи желби,
упорна е во желбата да биде жена на Томче. Нејзината љубов кон Томче. Нејзината
љубов кон момчето е искрена и тоа го гледаат и другите ликови, затоа се спротивставуваат
и успеваат да го убедат Чорбаџијата да ја одобри нивната венчавка.
Стојанка е
упорна девојка со свој став и покрај примените навреди. Љубовта меѓу Томче и
Стојанка е показател дека парите не ѓи прават луѓето, туку нивните
карактеристики и мислења.
No comments:
Post a Comment