„ Разликата помеѓу успешните и останатие не е недостатокот на сила, не
е недостатокот на знаење, туку недостатокот на волја“
„Галебот Џонатан Ливингстон“ е
басна напишана од англискиот автор Ричард Бах. Во неа се толкува приказната за
истоимениот галеб во потрага на повисока цел во животот.
Галебот Џонатан се истакнува од
другите галеби во јатото. Тој не е задоволен ловејќи храна од морскиот брег.
Џонатан ја гледа својата страст во летањето, но останатите од јатото го
исмејуваат и го исфрлаат од јатото. Сепак, тој го следи својот сон и наидува на
јато во кое сите наоѓаат слобода и среќа
во летањето. Таму Џонатан е прифатен и поддржуван од останатите да успее, по огромен
вложен труд и волја тој ја усовршил вештината на летање. Тој станал најубавиот
и најсовршениот галеб на светот и се одвоил од јатото да стане учител и да го
пренесе своето знаење на други галеби.
Џонатан Ливингстон со волја и
моќта на своите мисли достигнал успех покрај тоа што не бил прифатен од
општеството.
No comments:
Post a Comment