Wednesday, May 30, 2018

„За буквите“- Црноризец Храбар


                „За буквите“ е единствено зачувано дело на авторот со псевдоним Црнорзец  Храбар, со значење „храбар калуѓер“. Се претпоставува дека било напишано кон крајот на IX век. Главна цел на делото е да се заштити словенската писменост.
                Авторот се спротивставил во ова кратко дело успеал убедливо да го заштити правото на постоење и употребување на словенското писмо. Црноризец Храбар почнал од најраните фази кога Словените се служеле со рески и цртички и читале и гатале како многубошците. Тој посочува дека создавањето на писмо е долготраен процес во кој учествуваат голем број книжевници, но покрај тоа словенското било создадено за многу краток период само од Константин и неговиот брат Методиј.
                Ова дело придонело за постоењето на словенското писмото кое го употребуваме денес и нашата писменост.

Wednesday, May 9, 2018

„Чорбаџи Теодос“ -Васил Иљоски


Анализа на лик


Стојанка

            Дејството во драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски се одвива во Скопје во текот на турското време. Покрај исмејувањето на надуениот чорбаџиски живот, една од темите на делото е неприфатената љубов на двајца млади.
            Стојанка е љубовната интерес на чорбаџискиот син Томче. Иако нивната љубов е силна, тие наидуваат на препрека од Чорбаџи Теодос. Тој не ја почитува девојката и често ја навредува. Бидејќи овој лик е сместен општество каде има огромна разлика меѓу богатите и сиромашните, реалистично се прикажани меѓусебните предрасуди.
            Стојанка е прекрасна, работлива девојка, чесна и паметна, но Чорбаџи Теодос ја гледа како неуредна и валкана. Црнилата под нејзините нокти не се резултат на лоша хигиена, туку доказ на нејзината вредност. Иако девојката има многу неостварливи желби, упорна е во желбата да биде жена на Томче. Нејзината љубов кон Томче. Нејзината љубов кон момчето е искрена и тоа го гледаат и другите ликови, затоа се спротивставуваат и успеваат да го убедат Чорбаџијата да ја одобри нивната венчавка.
            Стојанка е упорна девојка со свој став и покрај примените навреди. Љубовта меѓу Томче и Стојанка е показател дека парите не ѓи прават луѓето, туку нивните карактеристики и мислења.

„Антигона“- Софокле


Анализа на лик


Антигона

„Антигона“ е последната драма од трилогијата на старогрчкиот писател Софокле. Флавната тема е трагичното жртвување на Антигона со цел да ја одбрани чесноста на брата си семејството.
Антигона е трагичната хероина на драмата. Таа е бунтовна, тврдоглава и непослушна, сосема обратно од нејзината убава и послушна сестра Исмена. Тие се единствените останати од семејството откако нивните браќа се убиле во меѓусебниот бој. Креон почесно го закопува помалиот брат Етеокле, додека постариот брат Полиник, сметајќи дека е предавник, го остава на птиците. Оваа одлука ја вознемирува Антигона и решава да го закопа својот брат да ја задржи неговата чесност, иако знае дека последицата на овој настан е смртна казна. Тоа реалистично ги претставува жртвувањата некои луѓе што ги прават за своето семејство.
Антигона е во конфликт со своите лични обврски и должности кон власта. Ако е лојален граѓанин, таа е принудена да го предаде своето семејство и чувството за религија не давајќи му на својот брат вистински погреб. Но, таа сепак се издига против државата. Храброста не е нешто што можеме да го купиме ниту е нешто што сите го имаат.

Tuesday, March 27, 2018

„Силјан штркот“- Марко Цепенков


За или Против?


Супер е да се биде мрзелив

            Мрзеливоста е состојба во која едно лице неможе да направи нешто, да си ги  изврши обврските, не затоа што нема способност, туку поради неволност и незаинтересираност.
            Многумина не успеваат во животот поради мрзеливоста. Тие не ја планираат својата иднина и немаат амбиција да постигнат нешто. Исто така, не ги извршуваат своите должности или ќе ги остават потешките обврски на другите.
            Нашето здравје зависи од мрзеливоста. Мрзеливите не се активни, не спортуваат и не се грижат за своето здравје. Некои луѓе се толку мрзеливи што не си подготвуваат храна и поради тоа рестораните за брза храна се повеќе се прошируваат во светот, а како резултат на тоа се уништува и животната средина.
            Мрзеливоста ги прави луѓето досадни. Често одбиваат да излегуваат со своето семејство и пријателите. Така имаат многу драгоцени пропуштени моменти и не посетени места во животот.
            Секогаш може да се спречи мрзата. Ваква трансформација е прикажана низ делото на Марко Цепенков- „Силјан штркот“. Тој во почетокот на приказната е мрзелив, но со долга година исполнета со работа неговата мрза се излечи, тој станува вреден.

Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


Анализа на лик

Михаил Лвович Астров

                Во драмата „Вујко Вања“ од А. П. Чехов е претставена случка од секојдневието на село во Русија, која ги менува животите на ликовите. Тие стануваат разочарани со мислењето дека цел живот залудно го потрошиле на имотот на професорот Серебрјаков, кој размислува да го продаде.
                Астров е еден од ликовите во ова дело кој всушност претставува млад одраз на Серебрјаков, тој е образован човек полн со нови идеи. Тој е релативно убав средногодишен човек кој бил оттргнат од младоста во раниот период од својот живот. Во младоста се навраќа со ликот на Елена, која претставува негова љубовна интерес. Тој е несреќен и уморен од неговата професија како единствениот доктор во селото и постојано е повикуван за работа, а неговата утеха често ја бара во алкохолот.
                Овој лик е напреден за своето време бидејќи покажува интерес во екологијата, со долги говори за способноста на човекот да создаде, а не способноста да уништи. Неговиот карактер и теории се издигнати до совршенство од страна на Соња, која во голема мера му се восхитува.  Авторот Чехов преку Астров вметнува дел од неговите карактеристики и идеологии. Тој ја цени убавината во нештата како природата и убавината на Елена.

Tuesday, March 6, 2018

Репортажа


                
Божиќ во Виена
                Виена е најголемиот и главен град на Австрија со неверојатна архитектура и историја.  Градот изграден на бреговите на реката Дунав, исто така сам по себе претставува една од деветте федерални држави на австриската федерација. Читајќи дека Виена е едно од најубавите места за посета  во времето на Божичните празници, решивме со моето семејство да го посетиме.
                Билетите беа резервирани иако Божиќното време беше популарна сезона за посетување на Виена. За време на ова патување го посетивме плоштадот Stephansplatz и катедралата „Свети Стефан“. Таа беше прекрасна со готска архитектура, изградена во 1600 год. и спаѓа во склопот на Римокатоличката црква.
Шетајќи низ центарот на градот ја видовме и Wiener Staatsoper. Таа е една од најпосетените оперски куќи во светот, произведувајќи 50 до 60 оперски претстави годишно и 10 балетски продукции во повеќе од 350 настапи. Решивме да го посетиме и панаѓурот исполнет со божиќна атосфера. Се продаваа секакви вкусни традиционални јадења. Со ова патување дознав дека најстарата зоолошка се наоѓа токму во Виена и е наречена Tiergarten Schönbrunn. Била отворена во 1752 година со наредба на Франц I



                Ова патување ми остави голем впечаток и би сакала повторно да го посетам овој град исполнет со секакви видови на уметност.

Tuesday, February 13, 2018

„Прва љубов“-Иван Тургенев




                Владимир Петрович е 16-годишно момче кое во 1833 год. оди со неговото семејство во Нескучи. Таму се запознава со својата соседка, 21-годишната кнегињицата Зинаида, во која се заљубува. Таа има неколу додворувачи на ои Владимир им се придружува во нивните залудни напори да ја придобијат младата дама. Момчето открива дека вистинскиот објект на љубовта на Зинаида е всушност неговиот татко.

Сценарио
                (Точно осум часот. Тесно и извалкано претсобје на малечка куќа кое се поврзува со салон-мала просторија со стол во средината.)
Стариот слуга: (Намуртено гледа во Владимир и мрзелива станува од клупа)
Владимир: (Отвара вратата од салонот и влегува)
Зинаида: (Стои на столот во салонот и во рака држи машка шапка, опкружена со петмина      мажи. Погледнува кон Владимир) Застанете, застанете, нов гостин, и нему треба да му дадеме карта (сконува од столот и го грабна ракавот од палтото на Владимир) Ајдете, што стоите? М’сје дозволете ми да ве запознаам: ова е м’сје Волдемар, синот на нашиот сосед. А ова, (се врти кон Владимир и му ги покажува гостите) се грофот Малевски, лекарот Лушин, поетот Мајданов, капетанот во оставка Нирмацки и Беловзоров. Грофе, напишете му на мсје Волдемар карта.
Грофот Малевски: Тоа не е право. Тие не играле со нас фота.
Беловзоров: Не е праведно.
Зинаида: Напишете карта, ви велам. Каков е овој бунт? Мсје Волдемар со нас е првпат и денеска за него законите не важат. Немојте да мрморите, пишувајте, јас така сакам.
Грофот Малевски: (Зема перо, откинува парче хартија и почнува да пишува)
Лушин: Дозволете ми барем толку, да му објаснам на мсје Волдемар во што се состои работата зашто тој сосем се збрка. Гледате ли, момче, ние играме фота. Кнегињицата ќе ја извлече казната, и оној што ќе има среќа да ја извлече картата, има право да и ја бакне раката. Дали ме разбравте што ви реков?
Владимир: (Го погледнува Лушин)
Зинеида: Мајданов, вие како поет,треба да бидете великодушен и својот билет да му го отстапите на мсје Волдемар, така што тој да има две шанси на среќа, наместо една.
Маданов: (Одмавнува со главата во знак на несогласување)