Thursday, November 23, 2017

„Шагринска кожа“- Оноре де Балзак

Анализа на лик

Рафаел де Валентин

            Романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак ја раскажува приказната за млад човек- Рафаело, кој во момент на очај наоѓа необична шагринска кожа. Таа ги исполнува неговите желби, но, со секоја исполнета желба кожата се намалува заедно со животниот тек на човекот. Настаните се сместени во Париз за време на 19-от век.
            Рафаело е динамичен лик, кој е жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството. Ако Рафаел се оженил со Паулина додека сѐ уште е сиромашна, можеби живееле заедно долго време. Наместо тоа, тој ја следи Фоедора, симбол на социјална измама, и е принуден да ја земе кожата.
            Заслепен од луксузот на буржоазијата тој станува несвесен за своите постапки и како луѓето го гледаат. Рафаел станува арогантен, неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство
Овој лик е комплексен, кој ги променува своите мислења од потребата да се докаже пред луѓето околу себе. Тој тоа го прави преку немилосрдно самозадоволување, станува алчен и арогантен. На крајот од романот тој учи дека мора да се плати за сè во животот. Тој има кратка одмена кога ќе се ожени со ќерката на својата поранешна газдарица, Паулина, но смртта бзро се приближува.
Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето да им се остварат сите желби без никаков напор. Кога би го оствариле тоа ќе останат без желби, но човек без нив не постои.

Friday, November 17, 2017

„Повик на дивината“- Џек Лондон

Анализа на лик


Бак

            Во авантуристичкиот роман „Повик на дивината“ од Џек Лондон, се зборува за животот и страдањата на кучето Бак. Тој бил украден од својот дом во Калифорнија од сопственикот Милер. За време на Златната треска, Бак бил принуден да живее во суровоста на студената Алјаска и да влече запреги.
            Бак е динамичен и комплексен лик со промените што ги доживува и предизвикува. На почетокот од книгата живее како разгалено милениче на ранчот на судијата Милер. Запознавањето на Бак со северните краишта го претвора во првично куче, негова главна цел станува преживување. На крајот од книгата, овој лик станува диво алфа куче во Северот.
            Општеството на јунакот во ова дело се променува. Прво живее среќно и безгрижно во Калифорниа, а потоа е оставен да преживее влечејќи санки злато. Овие две општества можат лесно да се споредат со различните општевства во кои живеат луѓето и денес. Ова предизвикува промена на погледот на Бак кон светот, изложувајќи го на двете страни од светот.
            Иако Бак е куче, тој е лесно споредлив со личност поради неговата совест и одлуките кои ги носи. Тој е бунтовен и инаетлив, се спротивставува на своите неодговорни газди Хал,Чарлс и Мерцедес. Тоа го доведува до запознавањето со Џон Торнтон, кон кој покажува љубов и лојалност.

             Кога Торнтон е убиен од индијанско племе, Бак е исполнет со тага и оставен сам. Но, тој ја наоѓа својата среќа следејќи го „Повиот на дивината“ и живе со група волци. 

Monday, November 6, 2017

Панонски Легенди

Во црковното дело „Панонски Легенди“ се зборува за животот на солунските браќа Кирил и Методиј.
Потекнувајќи од видно и богато семејство, браќата се здобиле со солидно образование. Константин поради големи успеси се запишал во Магнаурската школа, а потоа бил назначен за библиотекар на Патријаршиската библиотека во Цариград. Кога бил наставник по филозофија го добил епитетот Константин Филозоф. Постариот брат Методиј бил управител на словенска област. Како високо образовани, со знаења на јазици, браќата биле испратени на првата Арапска мисија со цел проширување на христијанството и политиката. По успешно извршената мисија, биле испратени на Хазарската мисија, таму Кирил ги открил посмртните остатоци на Климент Први. 
Најзначајна мисија е Моравската, бидејќи претставува причина за создавањето на првата словенска азбука. Со цел да ја зацврсти црквата и јазикот во својата држава, а истовремено да ја избегне германизацијата, Кнезот Ростислав побарал мисионери кои ќе го шират христијанството на словенски јазик со словенско писмо. Во Рим, Константин го добива монашкото име Кирил и истата година умира од болест. Битката за словенската писменост ја продолжува Методиј додека не умира во градот Нитра.
Ова дело претставува најбогат извор за сознавање на првите словенски просветители.