Во црковното дело „Панонски Легенди“ се зборува за животот на солунските
браќа Кирил и Методиј.
Потекнувајќи од видно и богато семејство, браќата
се здобиле со солидно образование. Константин поради големи успеси се запишал
во Магнаурската школа, а потоа бил назначен за библиотекар на Патријаршиската
библиотека во Цариград. Кога бил наставник по филозофија го добил епитетот
Константин Филозоф. Постариот брат Методиј бил управител на словенска област. Како
високо образовани, со знаења на јазици, браќата биле испратени на првата
Арапска мисија со цел проширување на христијанството и политиката. По успешно
извршената мисија, биле испратени на Хазарската мисија, таму Кирил ги открил
посмртните остатоци на Климент Први.
Најзначајна мисија е Моравската, бидејќи претставува причина за создавањето на првата словенска азбука. Со цел да ја зацврсти црквата и јазикот во својата држава, а истовремено да ја избегне германизацијата, Кнезот Ростислав побарал мисионери кои ќе го шират христијанството на словенски јазик со словенско писмо. Во Рим, Константин го добива монашкото име Кирил и истата година умира од болест. Битката за словенската писменост ја продолжува Методиј додека не умира во градот Нитра.

Ова дело претставува најбогат извор за сознавање
на првите словенски просветители.
No comments:
Post a Comment