Анализа на лик
Бак
Бак
Во
авантуристичкиот роман „Повик на дивината“ од Џек Лондон, се зборува за животот
и страдањата на кучето Бак. Тој бил украден од својот дом во Калифорнија од сопственикот
Милер. За време на Златната треска, Бак бил принуден да живее во суровоста на
студената Алјаска и да влече запреги.
Бак е
динамичен и комплексен лик со промените што ги доживува и предизвикува. На
почетокот од книгата живее како разгалено милениче на ранчот на судијата Милер.
Запознавањето на Бак со северните краишта го претвора во првично куче, негова
главна цел станува преживување. На крајот од книгата, овој лик станува диво
алфа куче во Северот.
Општеството
на јунакот во ова дело се променува. Прво живее среќно и безгрижно во
Калифорниа, а потоа е оставен да преживее влечејќи санки злато. Овие две општества
можат лесно да се споредат со различните општевства во кои живеат луѓето и
денес. Ова предизвикува промена на погледот на Бак кон светот, изложувајќи го
на двете страни од светот.
Иако Бак
е куче, тој е лесно споредлив со личност поради неговата совест и одлуките кои
ги носи. Тој е бунтовен и инаетлив, се спротивставува на своите неодговорни
газди Хал,Чарлс и Мерцедес. Тоа го доведува до запознавањето со Џон Торнтон, кон
кој покажува љубов и лојалност.
Кога Торнтон е убиен од индијанско племе, Бак
е исполнет со тага и оставен сам. Но, тој ја наоѓа својата среќа следејќи го
„Повиот на дивината“ и живе со група волци.
No comments:
Post a Comment