Saturday, December 30, 2017

„Галебот Џонатан Ливингстон“ –Ричард Бах



„ Разликата помеѓу успешните и останатие не е недостатокот на сила, не е недостатокот на знаење, туку недостатокот на волја“

„Галебот Џонатан Ливингстон“ е басна напишана од англискиот автор Ричард Бах. Во неа се толкува приказната за истоимениот галеб во потрага на повисока цел во животот.
Галебот Џонатан се истакнува од другите галеби во јатото. Тој не е задоволен ловејќи храна од морскиот брег. Џонатан ја гледа својата страст во летањето, но останатите од јатото го исмејуваат и го исфрлаат од јатото. Сепак, тој го следи својот сон и наидува на јато во кое сите  наоѓаат слобода и среќа во летањето. Таму Џонатан е прифатен и поддржуван од останатите да успее, по огромен вложен труд и волја тој ја усовршил вештината на летање. Тој станал најубавиот и најсовршениот галеб на светот и се одвоил од јатото да стане учител и да го пренесе своето знаење на други галеби.
Џонатан Ливингстон со волја и моќта на своите мисли достигнал успех покрај тоа што не бил прифатен од општеството.

Friday, December 22, 2017

Анализа на дело


 „Бескрајна приказна“ -Михаил Енде

„Бескрајна приказна“ е најпознатиот роман од германскиот писател Михаел Енде. Главна тема е делот на фантазијата и имагинацијата во измислениот, но и во реалниот свет.
Со експозицијата се запознаваме со главниот лик Бастијан Балтазар Бак. Тој е момче кое омилен начин на кој сака да го помине времето е читајќи книги. Еден ден додека бега од деца кои често го омаловажуваат, наидува на една антикварница. Сопственикот на антикварницата читал книга во која Бастијан е заинтересиран. Неговата љубопитност се зголемува кога сопственикот му кажува дека таа е несоодветна за деца, а момчето решава да ја позајми.
Заплетот го претставува судирот, проблемот во делото. Во ова, заплетот започнува со запознавањето со Артеј, јунакот од позајмената книга, кој за задача имал да го најде лекот за Детската Кралица. Тука настануваат сите препреки и искушенија во неговата потрага по лекот.
Кулминацијата е највозбудливиот дел од едно дело. Тој дел настанува со доаѓањето на Артеј и Бајтијан очи во очи. Со ова светот на Фантазија се поврзува со Земјата. Бастијан е сосема зачуден и збунет со овој настан.
Пресвртот се случува во перипетијата. Тука преку разговорот на Артеј со злобниот волк Морг, дознаваме за плановите како Ништото сака да ја уништи Фантазија. Дознаваме дека единствениот начин е само кога луѓето од Земјата ќе ја изгубат имагинацијата, надежта и сништата, со што световите повторно се поврзуваат.
Решавањето на проблемот, заплетот настанува во расплетот. Тогаш Артеј разочаран од неуспешната мисија се враќа во палатата на Кралицата. Таа го убедува дека мисијата е всушност успешна со тоа што тој го обезбедил присуството на Бастијан, кој е единствениот кој може да ја спаси Фантазија со давање на ново има на Кралицата. Момчето и го дава новото име Месечево дете и ја спасува Фантазија.

Thursday, November 23, 2017

„Шагринска кожа“- Оноре де Балзак

Анализа на лик

Рафаел де Валентин

            Романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак ја раскажува приказната за млад човек- Рафаело, кој во момент на очај наоѓа необична шагринска кожа. Таа ги исполнува неговите желби, но, со секоја исполнета желба кожата се намалува заедно со животниот тек на човекот. Настаните се сместени во Париз за време на 19-от век.
            Рафаело е динамичен лик, кој е жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството. Ако Рафаел се оженил со Паулина додека сѐ уште е сиромашна, можеби живееле заедно долго време. Наместо тоа, тој ја следи Фоедора, симбол на социјална измама, и е принуден да ја земе кожата.
            Заслепен од луксузот на буржоазијата тој станува несвесен за своите постапки и како луѓето го гледаат. Рафаел станува арогантен, неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство
Овој лик е комплексен, кој ги променува своите мислења од потребата да се докаже пред луѓето околу себе. Тој тоа го прави преку немилосрдно самозадоволување, станува алчен и арогантен. На крајот од романот тој учи дека мора да се плати за сè во животот. Тој има кратка одмена кога ќе се ожени со ќерката на својата поранешна газдарица, Паулина, но смртта бзро се приближува.
Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето да им се остварат сите желби без никаков напор. Кога би го оствариле тоа ќе останат без желби, но човек без нив не постои.

Friday, November 17, 2017

„Повик на дивината“- Џек Лондон

Анализа на лик


Бак

            Во авантуристичкиот роман „Повик на дивината“ од Џек Лондон, се зборува за животот и страдањата на кучето Бак. Тој бил украден од својот дом во Калифорнија од сопственикот Милер. За време на Златната треска, Бак бил принуден да живее во суровоста на студената Алјаска и да влече запреги.
            Бак е динамичен и комплексен лик со промените што ги доживува и предизвикува. На почетокот од книгата живее како разгалено милениче на ранчот на судијата Милер. Запознавањето на Бак со северните краишта го претвора во првично куче, негова главна цел станува преживување. На крајот од книгата, овој лик станува диво алфа куче во Северот.
            Општеството на јунакот во ова дело се променува. Прво живее среќно и безгрижно во Калифорниа, а потоа е оставен да преживее влечејќи санки злато. Овие две општества можат лесно да се споредат со различните општевства во кои живеат луѓето и денес. Ова предизвикува промена на погледот на Бак кон светот, изложувајќи го на двете страни од светот.
            Иако Бак е куче, тој е лесно споредлив со личност поради неговата совест и одлуките кои ги носи. Тој е бунтовен и инаетлив, се спротивставува на своите неодговорни газди Хал,Чарлс и Мерцедес. Тоа го доведува до запознавањето со Џон Торнтон, кон кој покажува љубов и лојалност.

             Кога Торнтон е убиен од индијанско племе, Бак е исполнет со тага и оставен сам. Но, тој ја наоѓа својата среќа следејќи го „Повиот на дивината“ и живе со група волци. 

Monday, November 6, 2017

Панонски Легенди

Во црковното дело „Панонски Легенди“ се зборува за животот на солунските браќа Кирил и Методиј.
Потекнувајќи од видно и богато семејство, браќата се здобиле со солидно образование. Константин поради големи успеси се запишал во Магнаурската школа, а потоа бил назначен за библиотекар на Патријаршиската библиотека во Цариград. Кога бил наставник по филозофија го добил епитетот Константин Филозоф. Постариот брат Методиј бил управител на словенска област. Како високо образовани, со знаења на јазици, браќата биле испратени на првата Арапска мисија со цел проширување на христијанството и политиката. По успешно извршената мисија, биле испратени на Хазарската мисија, таму Кирил ги открил посмртните остатоци на Климент Први. 
Најзначајна мисија е Моравската, бидејќи претставува причина за создавањето на првата словенска азбука. Со цел да ја зацврсти црквата и јазикот во својата држава, а истовремено да ја избегне германизацијата, Кнезот Ростислав побарал мисионери кои ќе го шират христијанството на словенски јазик со словенско писмо. Во Рим, Константин го добива монашкото име Кирил и истата година умира од болест. Битката за словенската писменост ја продолжува Методиј додека не умира во градот Нитра.
Ова дело претставува најбогат извор за сознавање на првите словенски просветители.

Tuesday, October 17, 2017

„Сердарот“- Григор Прличев

„Сердарот“ е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Поемата е напишана на грчки јази поради учество на конкурсот за поема во Атина. Во поемата се раскажува за трагичната смрт на македонскиот херој Кузман, кој ги заштитувал селаните на  селото Река, од бандите на Гегите. Мотивот за оваа содржина, Прличев го зел од народната песна за јунакот Кузман Капидан, инспириран од тешкиот живот на Македонците против теророт предизвикан од Гегите.
Како главен лик во поемата е Кузман Капидан, сердар на селото Река. Тој потекнува од сердарско семејство, пpодолжувајќи да биде сердар по неговиот дедо и татко. Поради неговата смрт на почетокот од поемата, за него дознаваме преку описите на другите ликови. Тој е сакана личност од селаните поради неговите жртвувања за нивна заштита. Кузман е храбар, борбен и чесен, наследувajќи ги особините на неговата мајка Неда. Кај него се гледаат и обичните човечки особини како неговата бескрајна љубов и почит кон мајката, како и љубовта и желбата да основа семејство и остатокот од својот живот Кузман да го мине со својата свршеничка Марија. Надворешниот изглед на јунакот е опишан како силен со горда става, секогаш со својот меч опашен околу половината. Со тој меч победувал покрај својата малобројна чета. Поради големата гордост што ја имал во себе, Кузман е вовлечен во ситуација која завршува со неговата смрт.
Неда е мајката на јунакот која храбро ја поднесува смртта на својот син. Таа е борбена и им се спротивставува на непријателите и е подготвена да ја заврши битката започната од Кузман. Таа е решителна, чувствителна и чесна со витка става и неверојатна убавина за нејзините години. Неда е лик во кој Григор Прличев ја пресликал својата мајка. Како и секоја грижлива мајка, Неда имала силно претчувство за смртта на нејзиниот сакан син, таа сонувала како нејзината куќа се разрушува. Вознемирено очекувајќи го нејзиниот син, таа дознава трогателна вест дека тој починал. Таа покажува неверојатна храброст кога Гегите и нудат заштита, но таа не прифаќа да ја заштитат само неа и бара заштита на целиот македонски народ. Неда ги поттикнува селаните смртта на борците да им биде уште една причина за борење против Гегите.
Гегите се противниците кои ги пљачкосуваат и тероризираат населенито, но Прличев ги слика како поколници на јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го носат Кузмановото безживотно тело во домот на Неда, искажувајќи ја почитта кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување. Стариот мудар Албанец  ја чувствува родителската грижа и болка со која се справува Неда. Тој воодушевен од јунаштвото на Кузман ја утешува мајката. Од голема почит, тој ветува дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат Неда, дека таа секогаш ке биде заштитена.
„Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска. Иако противниците и јунаците многу писателили ги одвојуваат, Григор Прличев сепак ги поврзува со неколку заеднички особини што ги прават и непријателите сакани од страна на читателите.

Monday, October 9, 2017

„Илијада“-Хомер

„Илијада“ е древна грчка епопеја напишана од Хомер. Настаните во ова дело се случуваат во последната година на Тројанската војна, односно 51 ден пред падот на Троја. Во „Илијада“ се раскажани тие последни денови од деветгонишната војна помеѓу Ахајците и Тројанците. За време на оваа битка, Ахајците грабнале две прекрасни девојки Хрисеида и Брисеида, но Хрис (свештеник на богот Аполон) го замолил Агамемнон (водач на ахајците) да му ја врати неговата ќерка Хрисеида. Ахил не се согласил, богот Аполон налутен од оваа постапка испраќа помор во логорот на Ахајците.
По огромни жртви од овој помор, Агамемнон му ја врќа Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил (најголемиот воин на Ахајците). Така избувнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон, бесен од оваа навреда Ахил се враќа во логорот и одбива понатаму да се бори. 
Со откажувањето на Ахил од војната има пресврт во силите со што Ахајците страдаат од огромни загуби од Тројанците. Врз ова влијало знаењето дека најголемиот воин на Ахајците не војува, со што се охрабрени противниците. Исто така, Тетида (мајката на Ахил) со цел да го ценат нејзиниот син го убедила Зевс да им помага на Тројанците.
Поради огромните загуби на Ахајците, Ахил се согласува неговиот најдобар пријател-Патрокло да го испрати во војната носејќи го неговиот оклоп. Така што непријателите мислејќи дека е Ахил се повлекуваат од бојното поле, но Патрокло е убиен од Хектор. Гневен од веста за неговиот мртов пријател, Ахил добива нова цел да го одмазди Патрокло. Ахил се согласува да се помири со Агамемнон и повторно да се врати во битката. Засилен од својот гнев, тој се соочува со Хетор и го одмаздува својот пријател. 
Како последен настан дознаваме дека двете страни се согласуваат на привремено примирје, а Хектор добива свечен херојски погреб. Тројанската војна сè уште не завршува на крајот од „Илијада“. Но, публиката на Хомер е запознаена со крајот на борбата.

Sunday, February 26, 2017

Обработка на лектирата „Времеплов“ од Х. Џ. Велс

Една од лектирите кои ни беа зададени за оваа година беше лектирата „Времеплов“ од Х. Џ. Велс. Ова е многу интересна книга за еден човек кој направил машина- Времеплов, со која отпатувал во иднината.
На часот по македонски кога ја обработувавме лектирата, наставничката не подели во 7 групи од по 3 членови. Јас бев во група со моите соученици Кристина Тасева и Давид Николовски со кои одлично соработувавме. Сите си ги поделивме задачите, мојата задача беше да ги напишам вторите 4 настани (5, 6, 7, 8, ) и да ги напишам чуствата за сите 12 настани. 



Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Времепловецот и пријателите разговараат за можноста за патување низ димензија-патување низ време. Времепловецот го претставува првиот прототип на машината Времеплов
Времепловецот, психолог, Филби, општинскиот претседател, градскиот претседател, лекар
Гостите не му веруваат на Времепловецот дека е возможно патување низ времето.
Збунетост, восхитеност, заинтересираност
  1. Доцнењето на Времепловецот на ручек
Психолог, лекар, г-дин Бленк, новинар, тивкиот брадест човек
Времепловецот се појавува на вечерата со нови доживувања кои ги споделува со останатите.
Загриженост, несигурност, глад
  1. Почетокот на приказната за патот на Времепловецот во иднината.Тој пристигнал во 802 700 година каде се запознава со чудни мали суштества
Времепловецот, госпоѓа Вочет, Еолци
Патникот патува во иднината каде се соочува со сосема нов свет.
Несигурност, страв, љубопитност, возбуда, очај
  1. Запознавање со малите суштества од иднината.Поставување теории за суштествата
Времепловецот, Еолци
Еолците почнуваат да го прифаќаат Времепловецот.
Љубопитност, разочараност
  1. Исченување на Времепловот. Времепловецот е загрижен за враќање на Врмепловот и за својот живот во иднината.
Времепловецот, Морлоците, Еолци
Времепловот исчезнува и предизвикува голема загриженост и проблеми за патникот.
Страв, болка, одвратност, загриженост
  1. Времепловецот одлучува да оди за подемјето кај Морлоците. Стравот од непознатото го тера  да се врати на површината
Времепловецот, Вина, Морлоците
Временскиот патник оди кај морлоците и дознава ужасна вистина за истите.
Страв, несигурност, разочараност
  1. По страшната ноќ со Морлоците, Времепловецот размислува за животот на Морлоците и Еолците.
Времепловецот, Морлоците
Времепловецот бара засолниште од морлоците.
Храброст, страв, болка
  1. Времепловецот и Вина ја истражуваат палатата од елен порцелан (Јужен Кенсингтон)
Времепловецот, Вина
Патникот се упатува со вина кон непознатата, далечна палата.
Љубопитност, страв, безгрижност
  1. Патникот и Вина се борат со Морлоците.
Времепловецот, Морлоците, Вина
Патникот е нападнат од Морлоците.
Страв, храброст, болка,  имореност, ужас, одвратност, тага, осаменост
  1. Стапицата на морлоците
Времепловецот, Морлоците, Еолци
Морлоците го вовлекуваат временскиот патник во стапица.
Тага, храброст, радост, сомнеж, страв
  1. Времепловецот ги продолжува патешествијата
Времепловецот, џиновски ракови
Времепловецот оди уште подалеку во иднината.
Изнемоштеност, несигурност, страв, љубопитност, студ
     12. Патникот ја споделува              приказната со пријателите и го продолжува патувањето
Г-ѓа Вочет, Времепловецот, лекар, новинар, издавач, уредник, психилог, слуга
Времеповецот се враќа во сегашноста, тоест времето во кое е роден и ја раскажува приказната. Подоцна ги продолжува своите патешествија.
Несигурност, болка, слабост, изнемоштеност, збунетост

Friday, February 10, 2017

Дали времето во кое живееме е најдоброто за младите од мојата генерација?

     Колку се подобрени условите и правата на луѓето денес? Дали животот денес е подеднакво добар и исполнет како на неколку генерации пред нас?  Како влијае модерната технологија врз развојот на човештвото и младите генерации? Сигурно сте ја чуле изреката „Живееме во свет на паметни телефони и глупави луѓе“. Колку е вистинита и дали се сложувате со тоа? 

     Живееме во време каде што идејата за социјализирање е ограничена на нашата интеракција онлајн. Новата технологија е импресивна, но и нема многу добро влијание врз мојата генерација. Кога зборуваме за онлајн интеракција, кај повеќето корисници на социјални мрежи, броевите играат важна улога врз нивниот живот, или барем така мислат. Опседнатост со број на лајкови, следбеници и онлајн пријатели.


      Времето поминато со нашите пријатели е поминато во потрага по места каде што има слободен безжичен интернет. Наместо да комуницираме и да се забавуваме меѓусебно, ние друштвено седиме едни до други без разменување идеи и мислења, седејќи “залепени“ за нашите смарт телефони. Постојано примаме информации од интернетот кои може да влијаат на позитивен или негативен начин врз нашиот развој како личност
    Но, покрај овие негативни страни на денешното време, постојат и неколку позитивни. На пример, живееме во време кога човечките права се проширени, има поголема слобода на говор и припадност. Значително е намален расизмот, хомофобијата и сексизмот во споредба од пред 50 години. Иако се уште постојат, на подобар пат сме кон отфрлање од овие стереотипи и предрасуди, благодарение на новите генерации со отворен ум.


      Во споредба со минатото, нашиот живот е поедноставен благодарение на напредокот на технологијата, медицината и индустријата. Но, се поголемиот развој на технологијата не влијае добро врз мојата генерација, ја намалува креативноста и го скратува нашиот поглед кон иднината.